17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнглиската централна банка не ги крена каматите и ги намали прогнозите за...

Англиската централна банка не ги крена каматите и ги намали прогнозите за економијата

boe 00

Англиската централна банка очекувано ги остави каматните стапки непроменети, но овој пат таа одлука е донесена едногласно, соопшти „Bloomberg“.

Од јули минатата година Иан МекКаферти беше единствениот од деветте членови на комисијата за монетарна политика, кој гласаше за укинување на стапките. Денес тој ги поддржи колеги во одлуката да ја остават стапката на рекордно ниски нивоа, што е сигнал дека кредитирањето во Велика Британија ќе остане поевтино уште некое време.

Централните банкари ја аргументираат одлука со предвидувања за слабите инфлација и економски раст, како и забавениот раст на платите.

„По подолг период со ниска инфлација укажува дека растот на платите првично ќе биде послаб од очекуваното“, сметаат од „АЦБ“.

boe 0111

Според прогнозите за инфлацијата во тримесечниот извештај, кои се базирани на пазарните очекувања, каматните стапки во Велика Британија најверојатно ќе бидат зголемени во 2017 – 2018 година

Фунтата поевтини по одлуката до 1,4540 долари за фунта, а околу 15 часот се разменуваше за 1,4611 долари.

Влошените прогнози се одразуваат на загриженоста на централните банкари за глобалната ситуација, а се очекува растечките економии да растат побавно, отколку во изминатите години.

boe 0222

„АЦБ“ очекува инфлацијата да се зголеми над целното ниво од 2% по две години. Растот на потрошувачките цени, кој во декември беше 0,2%, се очекува да биде 1,2% во првиот квартал на 2017-та година. Прогнозата од ноември беше за 1,5% инфлација. Потоа стапката треба да се забрза до 2,1% во првиот квартал на 2018-та година и 2,2% една година подоцна.

Прогнозата за растот на платите исто е ревидирана надолу, па оваа година ќе биде 3%, а не 3,75%, како што се очекуваше во ноември.

Комисијата за монетарна политика ги намали прогнозите и за економскиот раст: 2,2% наместо 2,5% во оваа година и 2,4 и 2,5%, соодветно во 2017-та и 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП