16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванова: Потребен е партнерски однос за успешно менаџирање на борбата против ракот

Иванова: Потребен е партнерски однос за успешно менаџирање на борбата против ракот

ivanova11111

Преку постигнување на принцип на еднакво партнерство меѓу државните органи, здравствените институции и здруженијата на пациенти неизбежни се позитивните промени и позитивни резултати во борбата против ракот, порача сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, на одбележувањето на Светскиот ден на борба против ракот, што под нејзино покровителство, а во организација на македонското здружение за борба против ракот „Борка“, се одржа во Скопје.

Според Иванова, потребно е сите страни рамноправно да учествуваат во донесувањето на заеднички одлуки за подобар здравствен систем во земјата.

„Мораме да бидеме проактивни, мораме да преземеме конкретни мерки и акции. Голем исчекор во таа насока е поставување на малигните болести на ниво на приоритет во здравствениот систем на Република Македонија, а уште повеќе, прогласувањето на 2016 година за година на борба против ракот во Република Македонија. Да имаме исполнета агенда и да водиме бројни активности за заедничка борба против ова заболување“, рече Иванова.

Иванова го поздрави и промовирањето на Aлијансата на пациентски организации, која ги обединува здруженијата „Борка“, „Животна искра“, „Живот со предизвици“, „Пеперутка“ и „Хепар центар“.

„Ја искажувам мојата поддршка и ги повикувам сите други организации кои работат во истата област, да се приклучат кон оваа иницијатива и да го зајакнат уште повеќе заедничкиот глас на пациентите со малигни заболувања во нашата држава“, рече Иванова. На настанот, покрај претставници на здруженијата и здравствени работници, присуствуваа и сопруги на повеќе амбасадори, акредитирани во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП