3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот за транспацифичко партнерство го потпишаа 12 земји

Договорот за транспацифичко партнерство го потпишаа 12 земји

zemjippp

Договорот за транспацифичко партнерство (TTP), кој треба да овозможи воспоставување на најголемата зона за слободна трговија во светот, ја потпишаа во четврток дванаесет земји партнери на свеченоста во Нов Зеланд во директен телевизиски пренос.

Со Договорот за транспацифичко партнерство (TTP) треба да се отстранат пречките во трговијата и вложувањата меѓу членките потписнички, вклучително и САД и Јапонија, коишто со 40 отсто се застапени во светската економија.

Американскиот претседател Барак Обама изрази во соопштение задоволство поради потпишувањето на договорот кој ќе „ја зајакне нашата водечка улога во светот и ќе го поттикне вработувањето во САД“.

Договорот го потпишаа Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам.

За да стапи на слила, во следните две години мора да го ратификуваат националните парламенти, па така и американскиот Конгрес во кој има сé повеќе противници, особено во време на трката за нов шеф на државата. Затоа Обама го повика Конгресот „што поскоро“ да го одобри овој договор.

Соседна Канада, пак, сака прво да спроведе јавна расправа, пред да ја започне постапката за ратификација на TTP во парламентот.

Овој договор предвидува значително отворање на пазарите за земјоделски производи на Канада, САД и Јапонија, без разлика дали станува збор за оризот, шеќерот, сирењата или говедското месо.

Иако заговорниците на TTP тврдат дека договорот ќе го поттикне економскиот раст во споменатиот дел од светот, повеќе организации предупредуваат дека ќе донесе само општа дерегулација, а полза ќе имаат исклучиво мултинационалните компании.

Во Окланд, каде што се потпишуваше договорот противниците на договорот демонстрираа против потпишувањето, и истакнуваат дека тој ќе придонесе само за укинување на работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП