10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотресот на берзите ја крена цената на златото

Потресот на берзите ја крена цената на златото

kipar-zlato

Цената на златото се искачи на тромесечен максимум, што се должи на волатилноста на светските берзи. Цената на една фина унца  достигна 1.130 долари, што е највисоко ниво од 3 ноември.

Скокот на цената на 1.130 долари е резултат на минатонеделното соопштение на американската централна банка (Фед) дека будно ќе ја следи состојбата на светската економија, што инвеститорите го протолкуваа како уште еден доказ дека светската економија забележително забавува.

Производните активности во Кина се на најниско ниво од средината на 2012 година, а ниту глобалното производство, иако малку забрза, и натаму во оваа година е релативно тенко.

Потпретседателот на Фед, Стенли Фишер нагласи дека моментната волатилност на финансиските пазари може негативно да се одрази на американската економија. Тоа би значело дека Фед ќе ја забави динамиката на натамошно подигнување на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП