10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците штрајкуваат, земјата е целосно блокирана

Грците штрајкуваат, земјата е целосно блокирана

grcija888

Вработените ширум Грција сопреа со работа во знак на протест поради пензиските реформи, а поради масовниот штрајк сообраќајот во земјата целосно е блокиран.

Откажани се летови, траекти и сопрен е јавниот превоз, додека, пак, училиштата, судовите и аптеките се затворени, а во државните болници работат само итните служби, пренесуваат светските агенции.

Синдикатите прогласија штрајк поради пензиските реформи, кои се еден од условите за третиот меѓународен пакет на помош за Грција. Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас се обидува да го реструктурира пензискиот систем преку зголемување на придонесот за социјална заштита, за да се избегне намалувањето на пензиите, но противниците на реформите укажуваат дека поради ова на многу вработени, две третини од приходите ќе им одат на даноци и придонеси, пренесува АР.

Противниците на пензиските реформи успеаја да ги обединат припадниците на различните професии, од земјоделци, таксисти и уметници до адвокати, доктори и инженери. Денешниот генерален штрајк е најсериозниот со кој досега се соочува коалициската влада на Ципрас, која дојде на власт пред околу една година.

Додека партијата СИРИЗА беше во опозиција, таа ги предводеше противењата против пензиските реформи, но соочена со изборот помеѓу третиот пакет на помош и исфрлањето од еврозоната, таа беше принудена на драматичен пресврт во својата политика.

Генералниот штрајк низ Грција се одржува во моменти кога владата преговара со меѓународните инспектори кои се во земјата за да го проверат напредокот во однос на исполнувањето на обврските од предвидениот пакет на помош. Хотелите во кои престојуваат овие инспектори во центарот на Атина постојано се чувани од грчката полиција, додаваат грчките медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП