29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Прилепска пиварница доминантна на Македонска берза

Акцијата на Прилепска пиварница доминантна на Македонска берза

mk berza kke

На Македонската берза индексот МБИ-10 повторно во средата забележа пад, па така беше во минус за 0,06 отсто и го затвори тргувањето на 1.824,55 индексни поени.

Вкупниот промет беше нешто повисок во однос на оној во претходниот трговски ден и изнесуваше околу 6,2 милиони денари, меѓутоа тоа во најголем дел се должи на трансакцијата со акциите на Прилепска пиварница АД Прилеп, каде беше остварен промет од речиси 2 милиони денари.

Конкретно со оваа акцијата се истргуваа 70 акции по просечна цена од 28.500 денари. Оваа трансакција опфати повеќе од 30 отсто од прометот кој беше остварен на официјалниот пазар.

За обврзниците не постоеше заинтересираност кај инвеститорите, па така тие изостанаа од дневините листи.

Акциите на Макстил беа први на добитничката листа со раст на цената од цели 8 отсто. На губитничката листа, пак, предводеа акциите на Македонија турист, како и акциите на Охридска банка, кои имаа пад од 2,5 и 2,35 отсто соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП