понеделник, 23 мај 2022
ПочетнаСПОРТБИЗToyota се враќа во F1

Toyota се враќа во F1

toyota-f1-05

Додека формула 1 тимовите се подготвуваат за радикалните промени во правилата за следната сезона, каде досегашните атмосферски V8 агрегати ќе ги заменат со ефикасните турбо V6 мотори, некои од поранешните натпреварувачи планираат враќање во најелитното натпреварување.

По веста дека „Honda“ се подготвува за враќање во F1 до сезоната 2015-та, прво како снабдувач на моторите за тимот на „McLaren“, а потоа и со сопствен тим, сега излезе вест дека истото го планира уште една јапонска компанија.

Според информациите од „Lexus Klub“, кои објавија доверливи информации внатре од компанијата, се шпекулира дека и „Toyota“ планира враќање во F1 исто така од сезоната 2015-та, но под брендот на „Lexus“.

Според гласините ваквата одлука има врска со успехот на „Infiniti“ со тимот на „Red Bull Racing“. Изворот исто така додава дека „Toyota“ е во преговори со поранешниот возач, Камуи Кобајаши за да го ангажираат како главен возач во екипата.

„Toyota“ се повлече од формула 1 на крајот од сезоната 2009-та, не успевајќи да оствари ниту една победа во 140 настапи. Меѓутоа имаа 13 подиуми, 3 полпозиции и 3 најбрзи круга во 8 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП