19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman: ФЕД само три пати ќе ја зголеми каматната стапка

Goldman: ФЕД само три пати ќе ја зголеми каматната стапка

dolares 3

ФЕД ќе го подигне нивото на каматите само три пати во текот на оваа година, но ќе пропушти да го направи тоа на следното заседание во март, прогнозираат од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“.

„Економските податоци продолжуваат да изгледаат стабилни и постојани, но условите на финансиските пазари се влошени значително”, коментираат од „GS“ во писмо до своите клиенти.

„На ФЕД најверојатно ќе му треба повеќе време за да собира податоци за економијата и да го следи развојот на економските трендови“, дополнуваат уште од банката.

Трикратното покачување на каматите од страна на ФЕД ќе биде далеку над очекувањата на пазарните учесници. Фјучерсите на каматата покажуваат веројатност од 50% за едно покачување на каматите во оваа година, како и 25% шанса за намалување на каматите. Коментарите од страна на ФЕД во последно време во голема мера сведочат дека најверојатно ќе се откаже од четирикратно зголемување на каматите во најголемата светска економија.

Причината за тоа – сериозното влошување на финансиските услови на глобално ниво. На последната средба на Комитетот за монетарна политика беше речено: „ќе ги гледаме од близу светските економски и финансиски податоци, како и влијанието врз пазарот на труд и инфлацијата, за балансирање на ризиците“.

Пазарот реагира на овие коментари со сериозно намалување на очекувањата за четирикратно зголемување на каматите во оваа година, што го испрати долари силно надолу во однос на другите главни валути.

„И ризиците да се намалат – се уште е полесно да се видат знаци за забавување на политиката на зголемување на каматите од страна на ФЕД, отколку за забрзување на договорот“, се вели уште во анализата на „GS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП