12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП ја одобри одлуката на земјите членки за емисијата на дизел возилата

ЕП ја одобри одлуката на земјите членки за емисијата на дизел возилата

еп-дизел

Европскиот парламент (ЕП) ја одобри во среда одлуката на државите членки со која се овозможува дизел возилата да можат да емитираат двојно повеќе јаглерод моноксид до 2020 година од досегашната законска граница.

ЕП гласаше во среда на пленарна седница во Стразбур за прифаќање на одлуката на претставниците на владите на државите членки од октомври минатата година, според која новите возила, по воведувањето на построги тестови, ќе можат да емитираат 168 милиграма јаглерод моноксид на километар, и покрај европскиот лимит од 80 милиграма на километар. По 2020 година дозволени ќе бидат 120 милиграма на километар, пренесува ЕУобзервер.

Причината зошто тоа е дозволено е фактот што вистинските емисии при возење во просек се четири пати поголеми од емисиите во лабораториски услови.

Државите членки не сака да ги принудат производителите да го решат тој проблем до 2017 година, кога се воведува новиот систем на тестирање на емисијата на штетни гасови во реално возење на пат.

Парламентот одлуката ја донесе во рамки на процедурата што се нарекува комитологија, што значи дека одлуката може само да ја одобри или отфрли.

Клубот на пратениците од редовите на Зелените ја критикуваше одлуката на ЕП, оценувајќи дека станува збор за „награда за производителите на автомобили кои не направиле ништо за да ги почитуваат ограничувањата за загадувачите пропишана со европските закони од 2007 година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП