5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија подготвена за разговор, нафтата поскапе

Русија подготвена за разговор, нафтата поскапе

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата порасна на светските берзи откако Русија потврди дека е подготвена да разговара со OPEC за нивото на производството, поттикнувајќи ги надежите меѓу инвеститорите дека е можен договор со кој би се поттикнала цената на нафтата.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,29 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 54 центи повисока цена, од 30,42 долари.

„Доколку членките на OPEC и производителите кои не се дел од картелот постигнат консензус, ќе се состанеме“, рече во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговата изјава ја поттикна цената на нафтата, која вчера и на почетокот на денешното тргување беше под притисок од податокот на Американскиот институт за нафта дека комерцијалните резерви на нафта во минатата недела повторно пораснале и тоа за 3,8 милиони барели.

„Прашањето дали ќе се состанат Русија и OPEC денеска ја поттикна цената. Државните производители се на раб на банкрот, па состојбата е многу сериозна“, толкува аналитичарот на PVM Oil Associates, Тамаш Варга.

Нигерија и Ангола, поради финансиски притисок, размислуваат да побараат кредит од Светска Банка, која заедно со ММФ. Веќе преговара со Азербејџан. Падот ан цената на сировата нафта за 70 отсто во последната една ипол година ги погоди буџетите на државите зависни од приходи, како Нигерија, Венецуела, Русија, но и одделни побогати држави во Персискиот залив, како што е Бахреин.

Минатата година побарувачката за нафта, особено во Азија, беше многу силна и не беше доволна да ја апсорбира огромната понудата и се поголемиот број на резерви од непродадена нафта.

„Русија вчера извести за раст на производството во јануари за 10,9 милиони барели дневно, што е ново највисоко ниво по распадот на СССР. Тоа ја нагласува потребата за разговори за координирани кастрења на производството, со оглед дека вкупното производство во OPEC во јануари е зголемено на највисоко ниво за неколку години“, наведуваат аналитичарите од Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП