3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК сака да ги прегледа договорите на „Газпром“ со европските држави

ЕК сака да ги прегледа договорите на „Газпром“ со европските држави

Gazprom 2222

Европската комисија ќе побара да се разгледаат договорите кои „Газпром“ ги има склучено со земјите од ЕУ, соопшти германското издание „Frankfurter Algemeine Zeitung“, повикувајќи се на свои извори.

Оваа акција е дел од постапката која Брисел ја води против рускиот гигант за злоупотреба на доминантна позиција во осум земји од Централна и Источна Европа. Проверката започна во април 2015-та година.

Постапката се уште трае. Од „Гаспром“ веќе коментираат дека обвинувањата на ЕК се неодржливи и трговските договори се склучени според меѓувладини договори.

Во меѓувреме, додека тече постапката ЕК започна да размислува за серија мерки за ограничување на позициите на „Газпром“ на пазарот во Европа. Една од последните идеи е работните групи да ги прегледуваат договорите за испорака на гас од Русија со земјите од ЕУ.

Другата опција е да бидат подготвени типови договори, кои земјите од заедницата да склучуваат со „Газпром“ или дури преговорите да бидат водени на ниво на ЕУ. Ова може да се случи со реализацијата на идејата за Енергетска унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП