12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапленетата слика на Пикасо во Турција е фалсификат

Запленетата слика на Пикасо во Турција е фалсификат

pikaso slika 3353

Платното со потписот на славниот Пабло Пикасо кое турската полиција го заплени минатата седмица, е фалсификат а оригиналот и натаму се чува во њујоршкиот музеј МоМа, тврдат од Picasso Administration, асоцијација којашто е задолжена за управување со оставината на уметникот.

Управата на големиот музеј њујоршки музеј МоМа за AFP потврдила дека сликата „Жена која се чешла“, портрет на Дора Маар кој во 1940 година била сопруга на Пабло Пикасо, е дел од музејската колекција. „Сé уште се наоѓа во нашите депоа“, рекол портпаролот на музејот.

„Сликата пронајдена во Истанбул е копија“, тврдат од Picasso Administration.

Музејот MoMa поседува уште една слика од Пикасо со слично име „Жена си ја плете косата“ која датира од 1906 годна, а тогашен модел на уметникот била неговата тогашна сопруга Фернанда Оливие.

Турската агенција Anadolu во саботата објави дека споменатата слика ја заплениле турски полициски агенти коишто на криумчарите им се претставиле како потенцијални купувачи на платното украдено од њујоршка колекционерка. Платното сега уште се наоѓа на анализа на Универзитетот за убави уметности Мимар Синан во Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП