28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФрустрирачки старт на 2016-та година за бизнисот во еврозоната

Фрустрирачки старт на 2016-та година за бизнисот во еврозоната

biznisi eu 446

Со нетрпение очекуваниот индекс за производствената активност во 19-члената еврозона покажа дека бизнисот ја почна 2016-та година во малку подобра состојба, отколку што се очекуваше првично, но темпото на раст во јануари се совпаѓа со најслабото темпо од изминатата година, додавајќи притисок врз Европската централна банка да ја намали повторно монетарна политика, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на последното истражување на „Markit“.

Овој слаб раст се случува во услови на намалување на цените од фирмите за четврт последователен месец и во момент во кој Европската централна банка се бори да ја охрабри инфлацијата на повисоко ниво од слабите 0,4 отсто во јануари.

Индексот за производствената активност во 19-члената еврозона за јануари е на ниво од 53,6 поени, значително под резултатот од декември од 54,3 поени. Секој резултат над 50 поени, забележан од индексот, сигнализира за експанзија, додека нивоата под ова ниво индицираат за намалување на активноста.

Иако индексот останува над прагот од 50 поени, што покажува раст, студијата носи доказ дека активноста, нарачките и вработувањата губат инерција.

Главниот економист на „Markit“ Крис Вилијамсон го истакнува и поголемиот притисок врз цените и покрај мерки за стимулирање кои се применуваат од Европската централна банка во последната година.

Стапката на раст во монетарната унија се разликува, па Шпанија повторно е лидер, следена од Германија, а Франција изгледа е во застој.

Намалувањето на цените не успева да има значително влијание врз доминантниот сектор на услугите. Неговиот „PMI“ индекс се намали до едногодишно дно од 53,6 поени, наспроти 54,2 поени при првичната проценка.

Изгледите за повеќе стимулации од ЕЦБ значи од друга страна, дека компаниите се најголеми оптимисти за следната година од средината на 2011-та година, а овој подиндекс (за бизнис очекувањата) бележи отскокнување до 65,1 поени од 63,3 поени во декември.

Се очекува ЕЦБ да ја намали каматата дополнително во негативната територија за време на средбата во март, според аналитичарите банката дури може да го зголеми обемот на месечни набавки на државни обврзници, кој во моментов е 60 милијарди евра месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП