понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛибија го зголемува производството на нафта

Либија го зголемува производството на нафта

nafta12

Либија која има најголеми залихи на нафта во Африка, планира до јуни или јули оваа година, да го зголеми производството на течното злато на 1,7 милиони барели дневно.

Презентирајќи ги овие планови, министерот за нафтената индустрија во Либија, Омар Шакмак потсети дека моменталното производство на нафта изнесува 1,5 милиони барели дневно.

Сегашниот обем на производство на гас во Либија, според официјалните проценки, изнесува околу 2 до 2,4 милиони (56.000 – 68.000 кубни метри) дневно, пренесува Блумберг.

Обемот на производство на нафта, Шакмак последен пат го прогнозираше во ноември 2008 година. Од февруари 2011 земјата се соочи со остар пад на производството и извозот на нафта и гас поради војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП