22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабите деловни резултати ги притиснаа европските берзи

Слабите деловни резултати ги притиснаа европските берзи

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акциите на европските берзи паднаа во средата трет ден по ред поради слабите деловни резултати на неколку компании, но се тргува многу повнимателно во однос од претходните денови бидејќи цената на нафтата е постабилна.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании околу 11,00 часот беше во минус 0,4 отсто откако вчера потона за 2 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,80 отсто, на 5.873 поени, франкфуртски DAX се намали за 1,10 отсто, на 9.474 поени, а париски CAC 0,75 отсто, на 4.251 поени.

Меѓу најголемите губитници, со пад од речиси 9 отсто, е акцијата на Fortum, откако финската енергетска компанија извести за послаби од очекуваните квартални деловни резултати.

Од исти причини поевтини и акцијата на холандската телекомуникациска компанија KPN, додека цената на LVMH порасна за над 6 отсто, бидејќи резултатите на модната компанија ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Силно, за речиси 7 отсто, скокна и цената на акцијата на Syngenta, откако  ChemChina понуди 43 милијарди долари за преземање на швајцарската агрохемиска компанија.

Позитивно на берзите влијаеше и стабилизацијата на цената на нафтата. По вчерашниот пад од 4 отсто, цената на нафтата денеска се стабилизира.

Во фокусот на инвеститорите е цената на нафтата и кварталните деловни резултати.

„На подрачјето на добивките резултатите се многу мешани. Лично сметам дека многу компании прилично разочараа“, вели Тери Торисон, директор во компанијата McLaren Securities.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП