
Граничните премини кон Грција во текот на средата ќе бидат затворени во одреден временски период, поради штрајкот на грчките земјоделци, соопштуваат од АМСМ.


Граничните премини кон Грција во текот на средата ќе бидат затворени во одреден временски период, поради штрајкот на грчките земјоделци, соопштуваат од АМСМ.
„Во времето од 11:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Македонија кон Грција на ГП,,Ники”, поради штрајк на грчките земјоделци (фармери). На ГП „Стар Дојран“ блокадата е од 11:00 до 14:00 часот, а на ГП,,Евзони” од 11:00 до 13:00 часот“ соопштуваат од АМСМ.
Инаку, сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.
Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.