10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко „пукне“ Шенгенот – колку ќе чини тоа?

Ако „пукне“ Шенгенот – колку ќе чини тоа?

63979717556b1d07669f73981190241_w640

Трајното враќање на контролата на границите во Европа, земјите кои се дел од Шенгенската зона со отворени граници, ќе ги чини околу 110 милијарди евра во наредните десет години.

Шенгенскиот договор е централна точка на европските интеграции, меѓутоа, под притисок на гласачите загрижени поради невидениот прилив на мигранти од Африка и од Блискиот Исток, неколку влади веќе воведоа привремена контрола на границите со другите земји на ЕУ.

Студијата на институтот France Stratégie, официјалниот институт на француската влада, наведува дека трајното укинување на зоната за слободно движење ќе резултира со намалување на обемот на прекуграничниот туризам и трговијата, а тоа Европа ќе ја чини 0,8 проценти од вкупното економско производство во наредните 10 години, пренесува Ројтерс.

Франција тоа би ја чинело меѓу милијарда и две милијарди евра краткорочно, а 10 милијарди евра во наредните 10 години, што е еднакво на 0,5 проценти од бруто домашниот производ, наведоа авторите на студијата.

„Долгорочно цената на постојаните гранични контроли би била еквивалентна на данок од 3 проценти на трговијата меѓу земјите од Шенгенската зона, што би довело до намалување на трговскиот обем за меѓу 10 и 20 проценти“, се вели во студијата.

Шест од 26 членки на Шенгенската зона, вклучувајќи ја и Германија, повторно воведоа привремена контрола на границите поради доаѓањето на стотина илјади мигранти во богатите земји на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП