27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChemChina за 43 млрд долари ја презема швајцарската Syngenta

ChemChina за 43 млрд долари ја презема швајцарската Syngenta

0000210620-article3

Кинеската хемиска групација ChemChina ќе го преземе за над 43 милијарди долари швајцарскиот агрохемиски гигант Syngenta, што досега е најголема странска инвестиција на една кинеска компанија.

Швајцарската компанија истакнува дека оваа зделка ќе и помогне да се прошири во Кина.

„Оваа трансакција е фокусирана на раст во светот, особено во Кина и останатите пазари во развој и ќе овозможи долгорочни инвестиции во иновации“, соопшти Мајкл Демар, претседател на Syngenta.

Иако ChemChina нема развиен земјоделско-хемиски бизнис, со што се занимава Syngenta, ќе и биде неопходно одобрение од американските и европските регулатори за да биде завршена зделката.

Кинеската компанија поседува компании од разновидни дејности, вклучително италијанскиот производител на пневматици Pirelli, германскиот производител на машини KarussMaffei и најголемиот израелски производител на пестициди.

Со оглед на забавувањето на растот на кинеската економија, аналитичарите и во оваа година очекуваат раст на аквизициите на кинеските компании во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП