15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 1133 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 1133 мигранти

migranti000

Во вторникот од страна на МВР биле издадени потврди на вкупно 1133 странски државјани, од кои 478 од машки и 239 од женски пол, како и на 416 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на Ирак.

Од почетокот на годината па до 2-ри февруари, издадени  се потврди на вкупно 55.477 странски државјани, од кои 22.939 се од машки пол, 11.967 се од женски и 20.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-27.429, Авганистан-17.447 и Ирак-10.598.

До Секторот за азил барање за признавање на право на азил годинава седум лица поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 2-ри февруари евидентирани се вкупно 22  баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател и едно малолетно лице без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП