17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS го зголеми профитот, но ги разочара инвеститорите

UBS го зголеми профитот, но ги разочара инвеститорите

ubs svic

Нето профитот на швајцарската банка UBS во 2015 година е зголемен за 79 проценти, бидејќи даночните олеснувања ги неутрализираа негативните последици од берзанската криза во четвртиот квартал.

Нето профитот на UBS во минатата година достигна 6,2 милијарди франци (5,5 милијарди евра), додека во последниот квартал банката оствари добивка од 949 милиони франци, што е повеќе во однос на 858 милиони евра од истиот квартал во 2014 година, се наведува во соопштението на банката, а пренесува агенцијата Франс прес.

„И покрај премногу предизвикувачкото опкружување, имавме одлична година“, порача во соопштението директорот на UBS, Серџо Ермоти.

Најновите вести, сепак, не ги израдуваа инвеститорите, па така, вредноста на акциите на UBS утрово се намали за повеќе од седум проценти на 15,50 франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП