6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако економично да ја користите кредитната картичка?

Како економично да ја користите кредитната картичка?

kreditni1

Кредитната картичка е најлесниот кредит за добивање. Повеќето банки ја нудат во пакет со тековните сметки, а со неа можете да купувате било каде и во било кое време, дури и да немате пари. Тој лукзуз на трошење пари кои реално ги немате, станува навика од која можете тешко да излезете.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат рационално да располагате со картичката.

 

Штедење – паметен избор

Прво што треба да имате на ум е дека картичките се создадени за банките да заработуваат. Секако, кредитната картичка е лесен начин да си купите тоа што ви е потребно, дури и да купите нешто што не можете да си го дозволите. Таа ви овозможува отплата на рати и други поволности.

Размислете , дали ви е попаметно да штедите и да си ги дозволите посакуваните работи или да ги купите веднаш со картичка. Вистина е дека со штедење ви е потребно повеќе време, меѓутоа тоа е одличен начин да ги избегнете трошоците кои ви ги налага банката. Статистиките покажуваат дека луѓето поседуваат по неколку кредитни картички. За кредитните картички карактеристично е дека претставуваат најлесниот начин на задолжување.

 

Исплаќајте повеќе од минималниот лимит

Тоа што повеќето граѓани ги носи во длабоки долгови, е отплаќањето на минималната рата. Совет, секогаш гледајте ја конечната сума која треба да ја исплатите, а не месечната. Колку побргу го исплатите долгот, толку е помал износот на  каматата која ќе треба да и ја платите на банката.

 

Не купувајте ‘ситници’ на кредит

Сакате да купите книга, прехранбени производи или нешто слично, не ја користете картичката за да платите. Таа во овие моменти е најнеповолното средство за плаќање.

 

Бидете редовни

Секогаш исплаќајте ги редовно ратите, бидејќи ако доцните со плаќање каматите ќе станат поголеми, а со тоа и вашите долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП