Вкупниот промет во вторникот изнесуваше само 4,4 милиони денари во кои акцијата на Комерцијална Банка повторно имаше најголемо учество со 1,1 милиони денари.
Оваа хартија беше единствената на листата на милионери. На вчерашното тргување трансакции имаше со вкупно 18 хартии од вредност од кои 5 забележаа пад, само 4 хартии го завршија денот во позитивна територија, додека 9 останаа без промена.
Победник на денот беше акцијата на Прилепска Пиварница Прилеп со раст од минимални 0,57 проценти и 22 истргувани акции, додека прва на спротивната листа се најде акцијата на Македонски Телеком со пад од 2,88 отсто.
Со негативен предзнак завршија и акциите на Алкалоид АД со пад од 1,07 отсто при истргувана количина од само 67 акции. За обврзниците денес не постоеше заинтересираност кај инвеститорите, па така индексот ОМБ не ја промени својата вредност.