21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и САД постигнаа договор за трансферот на податоци

ЕУ и САД постигнаа договор за трансферот на податоци

data transfer3 53

САД и Европската унија (ЕУ) постигнаа нов договор за трансферот на податоци, а тој беше постигнат во последен момент и може да ги заштити технолошките гиганти и мултинационалните компании од судирот со редица правни прашања, пишува „Bloomberg“.

ЕУ вели дека договорот ќе им обезбеди на граѓаните стабилна заштита на личните податоци. Преговарачите постигнаа договорот дури вчера, откако националните регулатори се заканија дека ќе стават строги ограничувања за тоа како компаниите ги пренесуваат информации преку од Атлантикот.

„За прв пат добивме детални писмени уверувања од страна на САД за гаранциите и ограничувањата кои се применуваат за американските програми за набљудување. Американската страна изјави дека нема да врши неселективно масовно следење на Европејците“, изјави Андрус Ансип, заменик-претседател на Европската комисија.

Двете страни беа принудени да се вратат на преговарачка маса откако Врховниот суд на ЕУ објави во октомври дека договорот, кој датира од 2000-та година, не нуди гаранции за заштита на податоците на граѓаните на Европската унија од обработка од страна на компании, како социјалната мрежа „Facebook“ на пример.

Новиот договор има за цел да одговори на загриженоста дека американските шпиони имаат слободен пристап до лични информации на европските граѓани.

„За прв пат САД даде сигурни уверувања на ЕУ дека пристапот на властите ќе биде предмет на јасни ограничувања“, додаде комесарот за правда Вера Јурова.

Меѓу обврските е и формирање на специјален омбудсман во Стејт департментот на САД, „кој ќе презема обврска да одговори по жалбите и барањата од физички лица за пристап до податоци“, коментира Ансип.

Според условите на договорот двете страни се ангажираат заеднички да го прегледуваат новиот механизам секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП