21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез застои и забрани во сообраќајот

Без застои и забрани во сообраќајот

soobrakajotkja

Сообраќајот на патните правци во државата се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.      Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП