21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 33 долари

Цената на нафтата под 33 долари

nafta 02

Цената на нафтата падна во вторникот на светските берзи под 33 долари, притисната од загриженоста за побарувачката и зголемувањето на понудата, а дополнителен товар беа шпекулациите за скромните изгледи за договорот на водечките производители за намалување на производството.

На лондонската берза цената на барелот попладне беше во минус 1,32 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 32,29 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус 1,75 долари. На американската берза со барелот се тргува по 80 центи пониска цена, од 30,82 долари Тргувањето во понеделникот го заврши во минус од два долари.

Пазарот вчера го разнишаа разочарувачките податоци од Кина, кои покажаа најсилен пад на активностите во индустрискиот сектор од 2012 година, поттикнувајќи ја загриженоста за побарувачката на нафта во светот.

Дополнителна причина за загриженост денеска има и на страната на понудата, откако официјалните податоци покажаа дека во Русија во јануари се произведени 10,88 милиони барели нафта дневно, од однос на 10,83 милиони барели колку што беа произведени во декември.

Фокусот е насочен и на можните преговори наOPEC и Русија за раководење со производството со цел да се даде поддршка на цената. Така од руското министерство за енергетика во понеделникот е соопштено дека рускиот министер за енергетика и неговиот колега од Венецуела разговараа за можност за заеднички консултации на членките на OPEC и оние кои не се дел од картелот.

И покрај ова, од инвестициската банка Goldman Sachs сметаат дека се мали шансите OPEC да го намали производството во координација со Русија бидејќи со тоа, меѓу другото, сами на себе би си наштетиле, со оглед дека растот на цената на нафтата ќе поттикне прилив на нафта на пазарот од одложени производни проекти.

„Тешко е да се очекува успешен договор на OPEC со Русија за намалување на производството и луѓето тоа полека го увидуваат“, рече Енди Зомер од швајцарски Axpo Trading, додавајќи дека резервите и натаму се во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП