6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен пад на буџетските приходи на Саудиска Арабија поради евтината нафта

Силен пад на буџетските приходи на Саудиска Арабија поради евтината нафта

saudi oil 3353

Буџетските резерви на Саудиска Арабија минатата година паднаа на најниско ниво за последните четири години, бидејќи властите во Ријад настојуваа да го покријат огромниот дефицит во државната каса, настанат поради падот на приходите од продажбата на нафта.

Буџетските резерви на Саудиска Арабија. Најголемиот светски извозник на нафта, паднаа кон крајот на 2015 година на 611,9 милијарди долари, најниско ниво од 2011 година, од 732 милијарди долари од 2014 година, се наведуваат во економскиот извештај на саудиската инвестициската компанија Jadwa Investment.

Според проекциите на оваа компанија, буџетските резерви ќе паднат на околу 500 милијарди долари до крајот на 2016 година, откако цената на нафтата загуби три четвртини од вредноста од средината на 2014 година.

Саудиска Арабија, втор по големина светски производител на нафта по Русија, регистрираше во минатата година рекорден буџетски дефицит од 98 милијарди долари, како последица на падот на приходите од нафта за 60 отсто, на 118 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП