23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка испорача нови 100 милијарди јуани

Кинеската централна банка испорача нови 100 милијарди јуани

juan 3399

Народната банка на Кина испорача во финансискиот систем на земјата уште 100 милијарди јуани (околу 15,2 милијарди долари) со помош на операција за откуп на хартии од вредност со обврската за повратна продажба по фиксна цена.

Мерката има за цел да го насити пазарот со ликвидноста пред празничниот период по повод Кинеската Нова година, пренесоа агенциите.

Во соопштението на регулаторот е наведено дека е спроведена операција со рок од 28 дена при принос од 2,6 проценти и 14 дена со принос од 2,4 проценти секоја по 50 милијарди јуани (околу 7,6 милијарди долари).

Минатата недела преку слични операции кинеската централна банка испорача на пазарот вкупно околу 690 милијарди јуани (околу 105 милијарди долари).

Новата година во кинескиот традиционален календар оваа година се паѓа на 8-ми февруари. Празникот обично е проследен од масовни патувања, обилните трпези и задолжителна размена на подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП