4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтип се стекнаа со сертификат за општина со поволно деловно опкружување

Штип се стекнаа со сертификат за општина со поволно деловно опкружување

shtip-stip

Општина Штип ги спроведе неопходните реформи, го подобрија работењето на администрацијата и ги исполнија забелешките кои ги постави Националната агенција за локален економски развој со што се стекна со називот „Поволно деловно опкружување“.

Штип го доби првиот Регионален сертификат за ваков тип на локални самоуправи како што има во Хрватска, БиХ, Србија и други балкански држави, вклучително и општини од Македонија.

Стабилна и еконономски развиена општина е предуслов за привлекување на инвестиции па затоа и ваквиот тип на сертификација претставува еден тип виза, односно меѓународен печат за секоја општина која сака да ги зголеми инвестициите и да го подобри своето деловно опкружување.

„Сертификацијата доаѓа во момент кога во Штип се отвораат нови фабрики и секако дека ќе биде дополнителен стимуланс за оние кои се уште се колебаат дали да инвестираат во Штип или не. За потсетување имаме три фабрики во ТИР Зоната, во градската зона успешно работи Актива-Аутомотив како заеднички проект со белгиски Ван Хул, веднаш до неа во тек е конструкција на новата германска фабрика „Семак Фешан“, што значи дека Штип станува се поатрактивен за странските инвеститори и овој сертификат само ќе овори нови можности за градот. Ние како општина сме логистика и сите наши процедури се во функција да го олеснат влегувањето на нови инвестотори а ова сертификација токму тоа и го потврдува“, изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност на градоначалникот.

Преку процесот на сертификација општините испраќаат позитивна порака дека се отворени за соработка со странските и домашните инвеститори и дека нудат стандардизирани услуги, согласно строго дефинираните критериуми за сертификација, а сертифицираните бизнис-пријателски општини се гаранција дека на потенцијалните инвеститори ќе им овозможат квалитетна и соодветна услуга за инвестирање, отпочнување и развој на својот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП