6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair благодарение на попустите двојно го зголеми профитот

Ryanair благодарение на попустите двојно го зголеми профитот

ryanair

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ соопшти дека повеќе од двојно го зголемил нето профитот во третиот квартал благодарение на силното зголемување на бројот на патници.

„Ryanair“ најави програма за откупување на акциите во вредност од 800 милиони евра (866 милиони долари).

Добивката на „Ryanair“ по оданочувањето скокна за 110 проценти на 103 милиони евра во кварталот завршен во декември 2015 година, во однос на 49 милиони евра во истиот период една година претходно, се наведува во соопштението на компанијата, кое го пренесува агенцијата АФП.

Прометот на патници порасна за една петтина на 25 милиони лица.

Авио-компанијата со седиште во Даблин порача дека на инвеститорите ќе им врати 800 евра по пат на откуп на акции и додаде дека ја зголемила профитабилноста и ги подобрила тековите на говтовината.

Според наводите на „Ryanair“, со промотивните цени и големите попусти надокнадена е слабата побарувачка после терористичките напади во Париз минатиот ноември.

„По силната прва половина од третиот квартал забележавме слаба продажба и слаб број на резервации непосредно по терористичките напади во Париз, во Брисел“, вели генералниот директор на „Ryanair“, Мајкл Лири и додава дека компанијата веднаш реагирала на тоа со воведување на промотивни цени и попусти со цел да се поттикне двоцифрен раст на прометот.

Компанијата наведе дека скромното намалувањето на цените на билетите го надокнадила со заштедата од трошоците за работење, за што во најголема мера е заслужен падот на цената на нафтата, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП