19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пораст на индексот МБИ-10

Благ пораст на индексот МБИ-10

makedonska-berza-berzi-zvonce

На Македонска берза во понеделникот продолжи благиот раст на индексот МБИ-10, па така беше евидентиран раст од 0,10 отсто од вредноста.

Вкупниот промет на стартот на оваа трговска седмица изнесуваше безмалку 17 милиони денари, од кои околу 12 милиони беа реализирани во договорена трансакција со акција на Комерцијална банка. Конкретно, во оваа трансакција мина количество од 5.100 акции по просечна цена од 2.343 денари.

Последната трансакција кај оваа акција мина преку системски блок, во кој помина обем од 1.000 акции по цена 2.342 денари. Според обемот на прометот, следеа акциите на Алкалоид АД со 654 илјади денари и просечна цена од 5.277 денари.

Во понеделникот вкупно се тргуваше со 11 хартии од вредност, од кои дури 6 имаа раст на цената, а само две хартии имаа пад на вредноста, и тоа акциите на Комерцијална банка и Алкалоид АД Скопје.

Три хартии од вредност не ја променија својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП