4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе мора да издвои за мигрантите 50 милијарди евра

Германија ќе мора да издвои за мигрантите 50 милијарди евра

ger-begalci

Институтот за економски истражувања во Келн процени дека Германија ќе мора да издвои 50 милијарди евра во наредните две години за сместување и интеграција на мигрантите, доколку трендот на масовен прилив на бегалци продолжи.

Властите во Берлин стравуваат дека во текот на оваа година во Германија би можело да дојде до дополнителни 1,5 милиони мигранти, а минатата година во таа земја влегоа 1,1 милион мигранти, наведува рускиот сервис RT.

Според прогнозите на Институтот, приливот на мигранти во наредните две години ќе го чини германскиот федерален буџет околу 50 милијарди евра.

Во текот на ова година се очекува доаѓање на 1,5 милиони мигранти, за чие сместување Берлин мора да издвои 17 милијарди евра.

Јазичните курсеви и интеграцијата ќе чини дополнителни пет милијарди, наведува RT.

Доколку во наредниот период продолжи трендот на доаѓање на мигранти, во 2017 година трошоците за нивно сместување и интеграција ќе пораснат на 27,6 милијарди евра.

Во тој случај, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле нема да може да направи буџет за 2017 година без задолжување.

Германските сојузни држави ќе мораат да вкалкулираат поголем дефицит од планираното во буџетите за 2016 година, предупредуваат економистите од Келн.

Тие нагласуваат дека многу сојузни држави, вклучувајќи ја и Северна Рајна-Вестфалија, нема да можат да ги исполнат своите финансиски обврски за тековната година заради трошоците на мигрантската криза, наведува RT.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП