21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдмрзнати 100 милијарди долари на Иран

Одмрзнати 100 милијарди долари на Иран

iran pari 353

Денеска Иран соопшти дека има пристап до средства во вредност од 100 милијарди долари, кои му се одмрзнати по примената на нуклеарниот договор на Техеран и светските сили.

Портпаролот на иранската влада Мохамед Багер Нобакт рече де поголем дел од парите лежел во банки во Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Турција. Овие средства беа блокирани, откако на Иран му беа поострени меѓународните санкции во 2012 година поради спорната нуклеарна програма.

Девет ирански банки сега се повторно поврзани со сервисот SWIFT чие седиште е во Белгија, а преку кое се вршат трансфери помеѓу финансиските институции, објави централната банка на Иран.

„Средствата (100 милијарди долари) се целосно ослободени и можеме да ги користиме“, рече претставникот на централната банка, Насер Хаким.

Претседателот на Иранската трговска комора, Мохсен Џалалпур соопшти денеска дека иранските бизнисмени веќе можат да отворат акредитивни писма за трансакции во други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП