5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Витило“ отвори втор погон во Скопје, најавува трет

„Витило“ отвори втор погон во Скопје, најавува трет

vitilo 335

Во ТИРЗ Скопје 1 се отвори вториот производствен погон на италијанската индустриска групација „Витило“, инвестиција вредна 10 милиони евра која ќе овоможи 100 нови вработувања.

Како што рече генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година со што вкупниот влог од оваа фирма во Македонија ќе достигне 30 милиони евра, а вработени ќе бидат повеќе од 300 лица.

Вицепремиерот за европски прашања Владимир Пешевски рече дека новата инвестиција на Витило е уште една потврда за одличната соработка на Владата со странските вложувачи.

„Нови, втори фабрики минатата недела најавија и компаниите Џонсон Контролс и Ван Хол во кои ќе се вработат околу 2.000 лица. Ако се земат предвид и инвестициите најавени само во изминатите два месеца на „Акомпласт“ во Прилеп, „Икстрејд“ и „Џерман електро­мехатроник систем“, домашните „Технопласт“ и „Хајтек“, „Капкон“,…, бројот на нови работни места ќе се искачи на 5.000, а вкупните инвестиции ќе надминат 160 милиони евра“, рече Пешевски.

Според Пешевски од најавените инвестиции во Полошкиот регион, во Охрид, Кичево, Штип и Пробиштип во повеќе фази ќе се вработат дополнителни 7.000 лица.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо оцени дека новата инвестиција на „Витило“ покажа дека постепено, но сигурно ТИРЗ Скопје 1 го реализира својот потенцијал и намена ­ да претставува првокласен индустриски комплекс во кој ќе се позиционираат инвеститори кои во Македонија ќе донесат нови технологии, ќе ја намалат невработеноста, ќе придонесат за зголемување на извозот и ќе ја направат земјава уште попрепознатлива дестинација на светските инвеститорски мапи.

Според италијанскиот амбасадор Ернесто Белели, реализацијата на втората фаза од инвестицијата на Витило е доказ за довербата на италијанските инвеститори во Македонија.

Групацијата Витило е присутна во Македонија од 2011 година. Произведува хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за голем број индустрии. Производството од Македонија е наменето за Европа, земјите на Заливот и Америка.

Во првата фаза Витило во Македонија инвестираше 5 милиони евра и креираше 50 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП