5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодатоците од Кина ја спуштија цената на нафтата под 35 долари

Податоците од Кина ја спуштија цената на нафтата под 35 долари

nafta 4839

Цената на нафтата се спушти денеска на светските берзи под ниво од 35 долари по објавата на слабите економски податоци од Кина и малите изгледи за итен состанок на членките на OPEC.

На лондонската берза цената на барелот попладне беше во минус 1,12 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 34,87 долари. На американската берза со барелот се тргува по 1,32 долари пониска цена, од 32,30 долари.

Новите податоци од Кина покажуваат дека активностите во производниот сектор паднаа во јануари најмногу од 2012 година, што ја зголемува загриженоста за побарувачката од втората по големина светска економија и тоа во контекст на прекумерното снабдување на светските берзи.

„Цената ја притиска слабиот кинески PMI индекс, со оглед дека Кина е товар за цените на стоките во целост кога е во прашање побарувачката“, вели Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Дополнително расположението на нафтените пазари го притисна и изјавата на висок функционер на OPEC за еден саудиски весник дека е прерано да се говори за итен состанок на нафтениот картел. Минатата недела цената на нафтата скокна откако руски функционери изјавија дека Саудиска Арабија, водечки производител во рамки на OPEC, испратила предлози за раководење со производството, а од Москва порачале дека се подготвени да разговараат на оваа тема.

„Не очекуваме намалување на производството, освен ако светскиот економски раст не забави значително во однос на сегашното ниво, што нашите економски прогнози не предвидуваат“, се наведува во извештајот на американската инвестициска банка Goldman Sachs.

Иран, исто така членка на OPEC, се врати на пазарот по неколкугодишните санкции и засега не е подготвен да учествува во намалување на производството. Поради неговото враќање на пазарот производството на OPEC скокна на 32,6 милиони барели дневно, со што дополнително е зголемен вишокот во понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП