24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците најмногу купуваат имот во Флорида

Странците најмногу купуваат имот во Флорида

Welcome to Florida USA

Флорида е најпосакуваната дестинација од странците за купување на имот во САД, покажуваат податоците на американската национална асоцијација на Брокерите на имот.

Странските купувачи на имот сочинуваат 36 отсто од сите купувачи во Мајами и Јужна Флорида во минатата година, а тие извршиле трансакции во вредност од 6,1 милијарди долари, покажуваат податоците на организацијата. Над една петтина од трансакциите во целата држава се остварени од странци, а Мајами привлекува повеќе странски купувачи во споредба со остатокот од земјата.

Оваа сојузна држава привлекува купувачи главно од Венецуела, Бразил, Аргентина, Колумбија и Канада, кои имаат склучено 62% од трансакциите во минатата година.

Другата повеќе суштинска група купувачи доаѓаат од Мексико, Франција, Италија, Еквадор и Шпанија.

Странските купувачи на имот во регионот трошат повеќе во споредба со локалните, покажуваат уште податоците – во просек 590 илјади долари наспроти малку под 330 илјади долари. Три четвртини од странците плаќаат во кеш, покажуваат податоците.

Освен тоа, странските купувачи ги преферираат становите, како и домовите во урбаните зони, претежно куќи и имоти во предградијата и порелаксираните области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП