17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Гази Баба и Хабитат Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Гази Баба и Хабитат Македонија

memorandum gazi baba 33

Градоначалникот Тони Трајковски и Зоран Костов, извршен директор на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на соработката е воспоставување на евиденција на колективните станбени згради и управители, подобрување на енергетската ефикасност и управувањето со станбените згради на територија на општина Гази Баба.

Покрај воспоставувањето на Регистар на станбени згради и Регистарот на управители на станбените згради, ќе се обезбедат совети за подобрувањето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради.

За време на реализирањето на овој Проект, ќе се организира обука на тимовите кои на терен ќе ги спроведуваат активностите, каде ќе се направи системска евиденција на станбените згради и управителите, како и собирање на податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради, кои ќе се внесуваат електронски и со тоа ќе се направи електронска база на податоци, кои ќе бидат од големо значение за граѓаните и општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП