16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата европска банка ги замрзнува платите и вработувањата

Најголемата европска банка ги замрзнува платите и вработувањата

hsbc 335353

Најголемата европска банка, британски HSBC во оваа година ќе ги замрзне новите вработувања и платите на глобално ниво во рамки на најновите мерки на штедење, дознава Reuters од два извора.

На вработените во банката во петокот им е испратен е-маил во врска со деталите за најновите мерки на штедење.

Како и другите водечки светски банки, HSBC спроведува мерки за намалување на трошоците за да ја подобри профитабилноста и повратот за акционерите, настојувајќи до 2017 година да заштеди годишно до 5 милијарди долари.

Најголемата европска банка објави во јуни лани дека планира да го укине речиси секое петто работно место и да ја намали својата инвестициска банка за една третина како одговор на слабиот економски раст и построгата глобална регулација на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП