11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на европските берзи поради Кина и нафтата

Внимателност на европските берзи поради Кина и нафтата

evropski=berzi

Внимателно се тргува во понеделникот на европските берзи, поради сигналите за забавување на кинескиот раст, при што акциите во банкарскиот сектор, а во телекомуникациите паднаа.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11,30 часот беше во благ минус, откако во јануари загуби 6 отсто, што е негова најголема загуба на почетокот на годината од 2008 година.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,45 отсто, на 6.054 поени, додека франкфуртски DAX се намали 0,70 отсто, на 9.730 поени, а париски CAC 0,65 отсто, на 4.387 поени.

Поддршка на безите пружа растот на цените на акциите во банкарскиот сектор, по подобрите од очекувани квартални деловни резултати.

Најголем добитник, со скок од 7 отсто, беше акцијата на Bankie, откако шпанската банка извести за силен раст на кварталната добивка.

Пораснаа и цените на акциите на италијанските банки бидејќи пораката од Banco Popolare дека очекува во наредните месеци да постигне договор за спојување со Banca Populare di Milano протолкувана е како почеток на долгоочекуваната консолидација на фрагментираниот италијански банкарски сектор.

Од друга страна, остро за 10 отсто, падна цената на акцијата на Nokia, по веста дека финскиот телекомуникациски производител, постигна договор со јужнокорејски Samsung во рамки на спорот околу патентите за правата.

Воздржаноста на инвеститорите е последица на нови сигнали за слабеење на втората по големина светска економија. Изутрината е објавено дека PMI индексот на производниот сектор во јануари падна од 49,7 на 49,4 поени, што претставува слабеење на активностите веќе шести месец по ред и нејзин пад на најниско ниво за речиси три ипол години.

„Разочарувањето поради кинеските показатели го притиска расположението на инвеститорите. Среднорочно секако ќе настојувам да ги продадам акциите по секој позначителен скок на цените“, вели Ричард Пери, аналитичар во компанијата Hantec Markets.

Внимателноста на инвеститорите е последица и на падот на цената на нафтата. Откако минатата недела цената на барелот скокна втор ден по ред, изутрината повторно беа под притисок поради сигналите за слабеење на кинеската економија, најголем светски потрошувач на сировини.

„Слабите показатели до Кина ги притискаат цените на сировините бидејќи Кина го притиска целокупниот рударски и енергетски сектор од страна на побарувачката“, смета Карстен Фрич, аналитичар во Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП