4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската влада најави нови даноци за нафтените компании

Руската влада најави нови даноци за нафтените компании

rusija oil 33535

Руските нафтени компании ќе мора во иднина да плаќаат поголеми даноци за некои нафтени полиња во рамки на реформите на руското министерство за финансии со цел зголемување на приходите на државниот буџет.

Предлогот ќе биде тест дали министерството кое заговара штедење поради економската криза ќе може да се спротивстави на можните енергетски лоби групи кои тврдат дека се потребни поттикнувачки мерки, а не нови даноци.

Претставници од две различни министерства, кои сакаа да останат анонимни, за агенцијата Reuters изјавија дека последиците од даночните реформи ќе бидат де факто укинување на даночните олеснувања во некои нафтени полиња.

Тоа би можело да ги погоди сите гринфилд, односно новите развиени нафтени полиња кои моментно уживаат различни даночни олеснувања, рекоа за Reuters извори од министерствата за финансии и енергетика.

Според податоците на Vygon Consulting, вкупно 198 полиња, вклучително и браунфилд полињата, односно оние кои се подолго во оперативна функција, моментно уживаат различни даночни овластувања.

Укинувањето на даночните олеснувања за нафтените полиња е дел од пошироките реформи на начинот на оданочување на нафтените компании. Главна мерка ќе биде данокот темелен на добивка покрај оние кои се применуваа, како што е данокот на вадење на минерали и царините на извоз на руска нафта.

Овие две ставки во 2014 година на рускиот буџет му донесоа 6.600 милијарди рубљи (87 милијарди долари, односно 46 отсто од вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП