Приходите на швајцарскиот трговски ланец „Migros“ се зголемени во првото тромесечије од оваа година за 7.3 проценти и достигнале вредност од 41.3 милиони франци. Од компанијата сметаат дека ваквиот раст се должи пред се на продажбата преку интернет.
Групацијата навела дека учеството со нарачки преку паметните телефони и таблети двојно се зголемило, па така тоа во моментов изнесува 27 проценти од вкупната продажба.
Интернет страната на „Migros“ за нарачки по пат на интернет е се повеќе посетувана, па така во првиот квартал од тековната година бројот на клиенти кои ги реализирале своите електронски купувања е зголемен за 35 проценти.