20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонг Конг економски најслободен во светот, Македонија на 47-то место

Хонг Конг економски најслободен во светот, Македонија на 47-то место

0000210477-article3

Хонг Конг е економски најслободната земја во светот, покажува истражувањето на Heritage Foundation и Wall Street Journal.

Според степенот на слобода, следат Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија.

САД се на 11-то место, Германија на 17-то, Франција дури на 75-то место, а Грција, која веќе со години е во катастрофална економска криза се наоѓа на дури 138-то место.

Србија се наоѓа на 77-то место, Хрватска на 103-то место, Бугарија на 60-то место, Албанија на 59-то, Македонија на 47-то место, а Турција на 79-то место од анализираните 178 земји.

При одредување на степенот на економска слобода на некои земји, истражувачите ги земале во предвид владеењето на правото, корпуцијата, големината на државата, државната потрошувачка, монетарната слобода, отвореноста на пазарот, како и слободата за инвестирање.

Погледнете ја целата мапа ТУКА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП