2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо „Летот на ангелот“ започна карневалот во Венеција

Со „Летот на ангелот“ започна карневалот во Венеција

letot-na-angelot

Деветнаесетодишната победничка на минатогодишниот избор на убавица Ирена Рици беше спуштена од кулата на црквата „Свети Марко“ пред илјадници посетители, а овој традиционален спектакл познат како „Летот на ангелот“ го означи и почетокот на годинешниот карневал во Венеција.

Точно напладне во неделата Ирена Рици со насмевки и отпоздравувања на насобраните полека се лизгаше спуштајќи се по сајлата растегната од 99-метарската кула до плоштадот пред знаменитата црква „Свети Марко“. Токму таа ја имаше оваа чест бидејќи минатата година беше избрана на натпреварот за убавина, кој е незаобиколен настан на карневалот.

Агенцијата ANSA истакнува дека карневалот годинава ќе се одвива со најголеми безбедносни мерки поради загриженоста во контекстот на терористичките закани во Европа. Полицијата постави пет контролни пунктови на кои се прегледуваат луѓето кои доаѓаат на плоштадот, се проверува содржината на нивните торби, а многумина на барање мора да ги тргнат традиционалните маски од лицата.

Карневалот, еден од најпопуларните настани во Венеција, трае до 9-ти февруари. Во рамките на карневалот се одржува и бал под маски, концерти и други туристички атракции на разните локации во градот. Дванаесетте локални убавици, од кои една ќе биде избрана за кралица на карневалот, на последниот ден од свеченоста во гондоли ќе пристигнат на Плоштадот на свети Марко пред масата од 70.000 луѓе да го исполни просторот.

„Летот на ангелот“, од Венецијанската знаменитост Камбанаријата на црквата „Свети Марко“ до бината на плоштадот каде го дочекуваат маските на дуждот и на другата венецијанска аристократија и 12-те Марии на карневалот кој е обновен елемент на карневалот од 1999 година кој потсетува на средновековниот обичај на опремување на венецијанските девојки за мажење. Поворката на Мариите, инаку, се одржува ден пред Летот на ангелите.

Надалеку прославениот Венецијанскиот карневал во современиот облик е покренат на иницијативата на здружението и граѓаните покренато во 1979 година по речиси два века пауза. Народните карневалски свечености во Венеција се одржувале од средниот век. Првото споменување на карневалот во документите датира од крајот на XI век и траеле сé до 1797 година, кога оваа традиција ја прекинала прво Франција за време на освојувањата на Наполеон, а потоа и австриското освојување на Венеција.

Од обновувањето на карневалот се заживуваат постепено и некои негови традиионални елементи, како што е поворката на Мариите од 1999 година, и Летот на ангелите прекинат 1759 година поради падот на изведувачот, кој во својот изворен облик е повторно заживеан во 2001 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП