21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава треба да се вработат 13.500 луѓе

Годинава треба да се вработат 13.500 луѓе

apasi

Со 28 мерки насочени кон финансиска поддршка, обуки, почнување сопствени бизниси, поддршка за вработување на социјално ранливите лица и на лицата со посебни потреби ќе се вработат 13.500 лица, според оперативниот план за вработување за 2016 година, за кој се разговараше на средбата на работната група во недела во порта „Македонија“.

Во работната група учествуваат вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Многу ми е важно тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица, а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките“, рече Груевски.

Апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.

Целта е што повеќе невработени да можат да се пронајдат во некоја од мерките кои стојат на располагање да се понуди и да се искористи остварување на сигурна егзистенција, како и поддршка и стимулирање на бизнис заедницата да отвора нови можности, рекоа учесниците на состанокот

Со владиниот оперативен план за оваа година, предвидени се 28 мерки во насока на финансиска поддршка, обуки, започнување на сопствени бизниси, поддршка за вработување на социјално ранливите лица и на лицата со посебни потреби, оперативен план за кој се наменети 11.5 милиони евра.

Од вкупно планираните 13.500 лица, се очекува 8.700 да бидат директно вработени.

Како дел од реализацијата на оперативниот план, минатата недела беше објавен нов повик за мерката за стекнување вештини кај познат работодавач, за што ќе бидат одвоени 6,7 милиони денари.

Според дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов ова е една од најуспешните мерки што се реализира од 2007 година, а нејзин резултат се над 7.214 поплнети работни места.

„Се создаваат можности невработените лица да поминат тримесечна обука во реални работни услови за вештините кои се побарувани на пазарот на труд. За период колку што трае обуката да се стекнат со знаење и компетенции кои ќе ги направат многу поконкурентни за работните места што им ги нудат и самите работодавачи кај кои се обучуваат“, објасни Спасов.

Тој очелкува најмалку половината од учесниците во обуките, по завршување на обуката да се вработат.

Овој оглас нема рок и ќе биде отворен се до пополнување на местата, со тоа што сите оние компании кои имаат потреба од работници можат да си ги обезбедат.

Ативен е и огласот за вработување на лица со инвалидитет, па според директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, слободни се уште околу дваесетина места, кои се очекува да се пополнат за кратко време.

Учесниците на работната средба сметаат дека воведувањето на овие мерки допринело за пад на невработеноста во државата, па така, според последното мерење стапката на невработеност е намалена на 25,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП