21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ шести пат го освои Мелбурн

Ѓоковиќ шести пат го освои Мелбурн

511980133JM00827_2015_Austr

Новак Ѓоковиќ го совлада Енди Мари и ја освои својата шеста титула на Австралија Опен. Српскиот тенисер ја освои својата 11-та Грен слем титула и на вечната листа се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Ѓоковиќ со оваа титула се израмни со Рој Емерсон, двајцата имаат по шест титули во Мелбурн.

Бранителот на титулата во финалето на теренот мина два часа и 53 минути и славеше над Мари во три сета 6:1, 7:5, 7:6. Инаку, Ѓоковиќ четврти пат во финалето, во Мелбурн, славеше над Мари.

Финалето на Род Лејвер арената беше 31-от дуел на овие двајца тенисери, а Ѓоковиќ ја забележа 22-та победа, односно 11-та на последните 12 мечеви со Мари.

Мари со овој пораз испиша негативен рекорд, откако стана вториот тенисер во историјата на Опен ерата кој загубил пет Грен слем финалиња.

Финалето, со исклучок на првиот сет, кој Ѓоковиќ експресно го доби, донесе голема борба, долги размени од основната линија, а Србинот беше тој кој подобро ги играше клучните поени.

Вториот сет траеше 80 минути, а Ѓоковиќ клучниот брејк го направи во 11-от гем, кога противникот имаше предност 40:0.

Мари, во третиот сет, успеа да се врати по брејкот на противникот, да избори тај-брејк, во кој направи две дупли грешки, а Ѓоковиќ тој подарок со задоволство го прифати, ја искористи третата меч топка и ја освои шестата титула во Мелбурн.

Во финалето, двајцата беа во минути, кога станува збор за односот помеѓу директните поени и неизнудените грешки: Ѓоковиќ 31/40, Мари 41/65.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП