ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосен прекин на сообраќајот на граничните премини кон Грција

Целосен прекин на сообраќајот на граничните премини кон Грција

strajk zemjodelci grcija

Во сабота, во два наврати, во целосен прекин ќе биде сообраќајот на граничниот премин Меџитлија – Ники, поради штрајк на грчките земјоделци.

Според известувањето добиено од МВР, во сабота, во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин „Ники“- Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.

Грчките земјоделци и минатата недела неколкупати го затвораа граничниот премин со Македонија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП