23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Русија предупредува на можност за зголемување на каматните стапки

Централната банка на Русија предупредува на можност за зголемување на каматните стапки

banka-rusija-centralna

Централната банка на Русија предупреди на можноста за зголемување на каматните стапки доколку инфлаторните ризици пораснат, откако референтната каматна стапка ја задржа на 11 проценти.

„Во услови на нов пад на цените на нафтата, месечната стапка на раст на потрошувачките цени се стабилизираше на високо ниво, со зголемен ризик од забрзување на инфлацијата“, соопшти банката и предупреди дека „доколку инфлаторните ризици пораснат централната банка на Русија нема да ја отфрли можноста за заострување на монетарната политика“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Неодамнешното слабеење на рубљата врши притисок на инфлацијата, предизвикувајќи раст на инфлаторните очекувања, и покрај забавувањето на годишната стапка на инфлацијата“, се додава во соопштението со предвидување дека инфлацијата во првиот квартал од 2016 година ќе изнесува меѓу 8,0 и 9,0 проценти на годишно ниво.

Централната банка на Русија, исто така, процени дека годишната инфлација ќе се намали под седум проценти до јануари 2017 година, и дека ќе ја достигне целта од четири проценти до крајот на наредната година.

БДП на Русија, според проекциите на банката, паднал за 3,7 проценти во 2015 година и во оваа ќе продолжи да паѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП