26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари Грција ќе ги обнови преговорите со кредиторите

Во февруари Грција ќе ги обнови преговорите со кредиторите

grece vlada

Раководителите на институциите вклучени во третата спасувачка програма за Грција, ќе пристигнат во Атина за време на викендот и преговорите со властите можат да почнат уште во почетокот на следната недела. Ова го соопшти портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас за време на вчерашниот пладневен брифинг во Брисел.

Во Атина се веќе техничките тимови на четирите институции, прецизира тој. Во програмата за спасот на нашиот јужен сосед учествуваат ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европскиот стабилизационен механизам (ESM).

Почетокот на ревизијата на постигнатото од Атина е чекор напред кон договорените обврски на земјата, за да станат плаќањата подобро обработени.

Пред тоа сепак Грција треба да направи промени во пензискиот систем, како и да формира нов фонд за приватизација.

Во оваа фаза земјите од еврозоната, со кои Атина треба да преговара за долгот, покажуваат склоност да ги менуваат нештата, грејс периодот и каматите на кредитите, но не и за намалување на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП