18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната порасна на 0,4 проценти

Инфлацијата во еврозоната порасна на 0,4 проценти

evrozona

Инфлацијата во еврозоната во јануари забрза на 0,4 проценти од 0,2 проценти во декември, што е сигнал дека напорите на ЕЦБ за давање на поттик за економијата конечно имаат ефекти.

Според официјалните податоци на европската служба за статистика Еуростат, инфлацијата во еврозоната во јануари двојно се зголемила во однос на месец декември, и станува збор за највисоката стапка од октомври 2014 година, кога исто така изнесувала 0,4 проценти, пренесува американската агенција АП.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги минатата недела изјави дека таа институција мора да направи нешто повеќе за да ја заживее потиснатата економија на 19-члената еврозона, со оглед на постојано ниската инфлација, влошена од намалувањето на цената на нафтата, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите очекуваа дека инфлацијата во јануари ќе изнесува 0,4 проценти, но сепак тоа е и понатака значително под посакуваната цел на ЕЦБ од нешто под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП