2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПерформанс за паметење во Штип, во чест на Гоце Делчев и Тоше...

Перформанс за паметење во Штип, во чест на Гоце Делчев и Тоше Проески

performans

Стотина учесници беа дел од двојниот книжевно-музички перформанс „Тоше има само датум на раѓање“ и „Гоце Делчев – великанот роден за да нé учи и води“, организиран во соработка со Советот на млади при Општина Штип а учествуваа ученици од основните и средните училишта во градот, поети, творци, музичари и други.

Перформансот претставуваше една целина, иако станува збор за две линости различни и по периодот и во областети во кои дејствувале, бидејќи тоа е датум меѓу двата родендена, на Тоше Проески и на Гоце Делчев.

„Ова ќе прерасне во традиција и навистина сум изненадена од големиот интерес. Сите Вие што не уваживте со вашето доаѓање, ни направивте огромна чест а секако сите заедно направивме настанот да биде нешто посебно. Благодарност до сите учесници, до вработените во библиотеката и до сите кои го помогнаа настанот“, рече Милена Ристова-Михајловска, директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“.

Претходно формирана комисија по завршувањето на перформансите додели благодарници на сите учесници и две главни награди. Најуспешен книжевен перформанс имаа учениците од ООУ „Славејко Арсов“ а хорот на гимназијата „Славчо Стојменски“ имаше најодбар музички перформанс.

Останува впечатокот дека и покрај краткото време за организирање на настанот, многу субјекти се одзваа на повикот за учество што резултираше со големо присуство, така што библиотеката беше претесна да ги прими сите оние кои со своите тврби покажаа интерес за ликот и делото и за важност на Делчев и Проески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП