2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФокусот на инвеститорите кон акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

Фокусот на инвеститорите кон акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

mk berza

По објавувањето на Годишниот неревидиран финансиски извештај на Комерцијална банка АД Скопје, со нотиран без малку шесткратен пораст на нето добивката во однос на минатата година, акцијата на Комерцијална банка АД Скопје забележа пораст од 4,47отсто и просечна цена од 2.414,42 денари.

Таа со вкупно остварен промет од 3.720.614 денари беше најтргувана акција во текот на вчерашниот ден.

На врвот од листата на добитници се најде акцијата на Окта АД Скопје со пораст од 4,64 отсто и истргувани 60 акции по просечна цена од 790 денари.

На спротивната листа предводник беше акцијата на Макстил АД Скопје со висок пад од 7,41 процент, по којашто следеа акциите на Универзална Инвестициона Банка со пад од 2,44 отсто и акцијата на Алкалоид АД Скопје која имаше пад од 1,23 отсто и заврши на последна цена од 5.300 денари.

Последниот ден неделава Македонската берза го заврши со вкупен промет од околу 8,6 милиони денари реализирани преку 73 трансакции и истргувани вкупно 10.662 акции.

Индексот МБИ-10 порасна за 1,46 отсто и заврши на 1.834,08 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ и покрај тоа што имаше една трансакција со обврзницата од 14 емисија, остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП